Фудбалерите на Рома одигра безмалку перфектен натпревар против Лече и ја потврдија фаворитската улога славејќи со 4:0 во 25 коло од Серија А. Ова за тимот од Рим беше прв триумф по оној над Џенова во 20 коло одигран на 19 јануари.

По првото полувреме, „Волчицата“ имаше предност од 2:0 благодарение на головите на Ундер и на Михтарјан.

 

Во вториот дел Џеко погоди за 3:0 во 69 минута додека кочените 4:0 беа дело на Коларов на десет минути пред крајот.

 

Рома сега има 42 бода и се наоѓа на петото место на табелата со три бода помалку од Атланта која е четврта но има и натпревар помалку.

Лече е на 16 место со три бода повеќе од Џенова која е во опасната зона на 18 место.