Во калчо лигата се одиграа три средби од 13. коло, Рома со убедлив резултат ја совлада Бреша, вториот клуб од Рим, Лацио со гол во 92 минута го победи Сасуоло.

Рома со 3-0 пободра од Бреша на „Олимпико“ во Рим, головите ги постигнаа Смолинг, Мансини и Џеко.

Лацио запишапобеда на гости кај Сасуоло со 1-2, победничкиот гол е дело на Кајседо во 92 минута, претходно за екипата од Рим погоди Имобиле, за домашните голот го постигна Капуто.

Верона со голот на Ди Кармине ја совлада Фиорентина со 1-0. Вечерва играат, Сампдорија – Удинезе (18час.) и Лече – Калјари (20-45 час.)