Во 5 -то коло од Серија А, Рома го победи Удинезе (1:0) на  Олимпико  и се врати на победите.

Херој на римскиот тим беше Абрахам, кој погоди во 36. минута, по пробивот на Калафиори по левата страна.

Кон крајот на натпреварот, Рома остана со играч помалку, бидејќи Пелегрини доби втор жолт картон и беше исклучен.

Рома така се врати со победи, откако минатиот викенд загуби од Верона (3:2)

Екипата на Жозе Мурињо се наоѓа на четвртото место на табелата, со три бода помалку од лидерот Наполи и еден бод помалку од Интер и Милан.

Ова беше осми натпреварувачки натпревар за Рома сезонава и седма победа.