Екипата на Рома успеа да слави против Лацио во вечното римско дерби во рамките на 37.коло од Италијанската Серија А.

Хенрик Мхитаријан во 42.минута ја донесе екипата на Рома во водство , со прецизен удар од работ на шеснаесетникот и ја испрати „волчицата“ со предност на полувремето.

Лацио создаде неколку шанси во вториот дел, но не успеа да ја затресе мрежата на домаќините, за Педро во 78.минута ги постави конечните 2-0 со спектакуларен погодок , откако помина неколку играчи на Лацио и од далечина постигна ефектен погодок.

Со оваа победа екипата на Рома има 61 поен и се наоѓа на седмата позиција на табелата , додека Лацио со овој пораз и дефинитивно се откажа од пласман во ЛШ и е на шестата позиција на табелата со 67 поени.