Кај Рома изгледа се покажа заморот од настапот во Лигата на Европа, односно во четвртфиналето со Ајакс, во мечот во кој успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето.

Денеска иако водеа на полувремето на крајот загубија со 3:1 од Торино. Рома во водство со голот на Борха Мајорал уште во шестата минута, резултат кој остана до крајот на првите 45 минути.

Сепак Торино беше фуриозен во вториот дел. Во 58-та минута израмни Антонио Санабриа, за 2:1 стралаше Симоне Заза во 71-та минута. Пресвртот и големата победа ја потврди Томас Ринкон со гол во 92-та минута.

Со оваа победа Торино има 30 бода и избега на пет бода пред Каљари, кој е прв под црвената зона, а имаат исто бодови со Беневенто и Фиорентина. Рома пак остана седма со 54 бода и пропушти шанса да дојде до три бода кои би значеле враќање во борбата за место во Лигата на шампионите.

Standings provided by SofaScore LiveScore