„Римската Волчица“ го совлада Гент со 1:0 во првиот натпревар од 1/16 финалниот двомеч во второто по ранг фудбалско клупско натпреварување во Европа под знакот на УЕФА.

Единствениот гол на мечот го постигна новото засилување на Рома, Карлес Перез во 13 минута по асистенцијата на Еден Џеко. Ова за Шпанецот беше воедно и деби гол во дресот на тимот од Италија.

Играта која ја прикажаа фудбалерите на Гент најавува интересен реванш во Белгија за седум дена.