Рома и Аталанта одиграа нерешено 1-1 на „Олимпико“ во Рим, гостите поведоа во првиот дел, домашните израмнија во второто полувреме.

Украинецот Руслан Малиновски ја доведе Аталанта во водство во првиот дел со гол кој го запиша во 26 минута. Рома израмни преку Кристанте во 75 минута, претходно Аталанта остана со играч помалку откако Госенс доби втор жолт картон.

Аталанта со 65 бода е на третото место, Рома во моментот на 7 позиција со 55 бода.