Рома го победи Торино со 1-0 на Олимпико со голот на Теми Абрахам во 32. минута.

Победничкиот гол го постигнаа избраниците на Мурињо по одлична акција. Нафрли Мкхтаријан  од лево крило кон Заниоло, кој не успеа да ја постигне гол а на одбиената топка натрча Тами Абрахам , и реализираше за водство од 1-0 што на крајот се покажа како конелен резултат.

Рома е петта на табелата во Серија А со 25 бодови, додека Торино е на 13. место со 17 бодови.

Тимот од Рим во следното коло гостува кај Болоња, а Торино го пречекува Емполи.