Фудбалерите на Рома победија со 2:1 на гостувањето кај Ајакс во воведниот четвтфинален натпревар во Лига Европа.

Домаќините поведоа преку Класен во 39 минута.

На ова следуваше промашениот пенал на Тадиќ за домаќините во 53 минута. Во 57 минута Пелегрини израмни на 1:1.

Конечните 1:2 за Рома ги потави Ибанез во 87 минута.

Реваншот во Рим е закажан за 15 април.