Милан и Рома одиграа вечерва фантастично дерби во Серија А кое заврши без победник 3-3.

Милан влезе во дербито  со максимален скор од четири победи и брзо дојде во водство преку Ибрахимовиќ уште во втората минута, но „римската волчица“ брзо врати преку Един Џеко за 1–1 на полувреме.

 

 

Лидерот во калчото го врати водството преку Белгиецот Салемакерс на самиот почеток на вториот дел.

Завршните 20 минути донесоа по еден пенал на двете страни. Најпрво Рома израмни преку Веретут во 71 минута, а осум минути подоцна и Ибрахимовиќ беше прецизен од белата точка, запишувајќи го својот шести гол сезонава.

Дефанзивата на Милан во финишот повторно несмасно реагираше при прекин, и по еден корнер Кумбула ги постави конечните 3-3 на шест минути пред крајот на дербито во Милано.

 

,