Шампионот на Италија, Јувентус сезоната во Серија А ја заврши со пораз откако истрча со половичен состав во Торино и беше казнет од Рома со 3:1.

На овој натпревар не настапи Кристијано Роналдо кој доби поштеда од Сари со цел да избегне евентуална повреда пред дуелот со Лион во ЛШ.

Игуаин го отвори резултатот во 5 минута, но на ова следуваа гооловите на Калиниќ и на Пероти за предност на Рома од 2:1 по првото полувреме.

Во вториот дел Пероти со својот втор гол, овојпат од игра ги постави конечните 3:1 за Рома.

Милан не дозволи изненадување на домашен терен против Калјари, славеше победа од 3:0. Ибрахимовиќ на овој натпревар не реализираше пенал, но потоа успеа да се запише меѓу стрелците заедно со Кастилјехо и Клаван кој си постигна смешен автогол.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore