Рома го победи Кајлари во трилер натпревар со седум гола, средбата заврши со 4-3 на Сардинија, Педро и Коларов постигнаа  прекрасни голови, бодовите одат во Рим.

Калјари поведе со голот на Жоао Педро во  28 минута, прекрасен потег и убав гол на Бразилецот.

Рома со двата гола на Калиниќ го сврте резултатот, Хрватот погоди во 29 и 41 минута за пресврт и водство по првиот дел на тимот од Рим со 2-1.

Во второто полувреме, Рома преку Клајверт дојде до предност од 1-3. Калјари намали на 2-3 преку Переиро, но Коларов зголеми на  2-4 во 81 минута со гол од слободен удар.

Конечните 3-4 ги постави Педро во 89 минута, прво не го искористи пеналот, од втора погоди за конечни 3-4 со својот втор гол на средбата.