Рома за прв пат е поразена на „Олимпико“ сезонава, загуби од Милан со 1-2, гостите од Милано запишаа победа со головите на Кеси и Ребиќ.

„Росонерите“ поведоа со голот на Кеси од пенал во финишот на првото полувреме. На почетокот од вториот дел, Верето по 5 минути игра израмни на 1-1.

Сепак Милан не се предаде, и стигна до 10 гостинска победа, Ребиќ погоди во 58 минута за три бода. Милан ја одржува неизменета состојбата на табелата во Серија А, негативата од 4 бода во однос на Интер останува и по средбите од 24 коло.