Фудбалската селекција на Романија забележа победа против селекцијата на Ерменија со 1-0 и со тоа се проби на втората позиција во нашата група и ги задржа шансите за баражот на СП Катар.

Стрелец на натпреварот во Букурешт беше Александар Митрица во 26.минута.

Со победата од 1: 0 над Ерменија, Романците имаат  13 бода додека  Ерменците се четврти со 12.

Исланд ја спаси шансата да стигне до бараж славејќи над Лихтенштајн 4:0, бидејќи сега има осум бода.

Тордарсон во 19 -та, Гудмундсон во 35 -та и 79 -та од пенал, и Гудјонсен во 89 -та ја погодија мрежата на Лихтенштајн, кој останува на последното место со еден бод.