Македонија запиша втор пораз на ЕУРО, загубивме од Украина 2-1, а бевме поразени и од Австрија 3-1, но навивачите се хит на европското првенство.

Романците имаа можност да се запознаат со македонската Фаланга, ниту еден инцидент деновиве во Букурешт, а центарот на градот обоен во црвено и жолто.

ПРО-ТВ со уште еден прилог во кој македонските навивачи се претставени како весели и распеани.