Светскиот шампион од 2002 и освојувач на „Златната топка“ во 2005 години, Роналдињо, на својата богата колекција на награди  додаде – печено прасе.

Роналдињо е во затвор во Парагвај, таму одигра „натпревар“ со останатите затвореници, победи и како награда доби прасе од 16 килограми.

Бразилецот минува низ своите најтешки денови во животот, кариерата и името е уништено.