Милан и Јувентус одиграа нерешено  1-1 на првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија.

Натпреварот не донесе фудбалска убавина, многу се тактизираше, а Ребиќ погоди во вториот дел за  водство на Милан во 61 минута.

Милан играше со играч помалку од 72 минута, кога Хернандез доби црвен картон. Јувентус до крајот тоа  го искористи и по акцијата на Роналдо  и играта со рака на Калабрија доби пенал во финишот на средбата.

Португалецот шутираше и погоди за 1-1 во 91 минута за супер резултат на „старата дама “ од гостувањето во Милано. За Роналдо ова беше 24 гол сезонава во дресот на „старата дама“.