Кристијано Роналдо иако е во фудбалски поодминати години, има 35 , секогаш тренира напорно, за време на зимскиот одмор тренираше како да се подготвува за Светско првенство во атлетика.
Доказ за посветеноста кон физичката подготовка е видеото кое покажува колку Роналдо работи на себе, одржувањето на кондицијата му е важна, во Дубаи за време на зимскиот одмор едноставно не одмараше, напорно тренираше за продолжението од сезоната во која ја освои калчо лигата. Роналдо трчаше низ пустината во друштво со својот син и еден пријател.
Најинтересен од се е начинот на кој се подготвуваше во сала, во друштво со спринтерот Францис Обиквел кој има медал од Олимписки игри, покажа како се одржува кондицијата и надоградува физичката подготвеност.
Be the first to write a comment.