Кристијано Роналдо со гол учествуваше во победата на Јувентус во Суперкупот на Италија против Наполи со 2-0, со тоа Португалецот испиша историја, стигна до 760. гол во кариерата.

Португалецот има 760 гола на официјални натпревари, го надмина Јозеф Бичан,  статистиката на Роналдо вели дека тој има 658 погодоци во клубовите за кои настапувал и 102 за репрезентацијата на Португалија.