Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус одработи посериозен тренинг откако на теренот се појави Кристијано Роналдо.

Напаѓачот по пауза од 72 дена денеска имаше можност да се врати во тренинг -центарот во Торино и да се подружи со соиграчите кои беа присутни на подготовките.

Серија А е во пауза и засега нема потврда дали и кога сезоната ќе се доигра. Се зависи од развојот со пандемијата од Ковид-19.