Јувентус губеше  до 83-та минута, но потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо.

Португалецот најпрво изнуди пенал, кој го реализираше, а потоа со глава во последната минута му донесе триумф на својот тим.
Удинезе водеше долго време, од 10-та минута, благодарение на Молина.

Се чинеше дека Јувентус се подготвува за ново разочарување, но Португалецот го спаси својот  тим  со два гола.

Во моментов, „Старата дама“ е на третото место и има 69 бода, исто како Аталанта и Милан.

Удинезе е мирен на средината на табелата со 39 бода.