Јувентус не се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите иако го победи Лион со 2-1, недоволни за елиминација на клубот од Франција, првиот натрпревар заврши со победа на Лион 1-0.

„Старата дама“ до победата дојде со пресврт откако Депај ги доведе гостите со гол од пенал, прекрасна „паненка“ за 0-1.

Следуваше одговор на Јувентус, или поточно на Роналдо кој со два гола, еден од пенал и еден од игра во првиот и вториот дел му носи победа на својот тим, но сепак недоволна за пласман во четвртфиналето

Вториот гол на Роналдо е 129 негов во Лигата на шампионите, ремек дело со лева на Португалецот кој беше недоволен за пласман во четвртфиналето на „старата дама“.