Јуветус со головите на Кристијано Роналдо и Мората стигна до трофеј во Суперкупот, „старата дама“ со 2-0 го победи Наполи и стигна до трофејот.

Трагичар е Инсиње кој не искористи пенал во 80 минута и не донесе израмнување за клубот од Неапол.

Елиф Елмас во игра влезе во 67 минута, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот.

Јувентус има девет титули во Суперкупот на Италија, за одбележување е остваурувањето на Кристијано Роналдо кој со гол учествуваше во победата на Јувентус во Суперкупот на Италија, со тоа Португалецот испиша историја, стигна до 760. гол во кариерата.

Португалецот има 760 гола на официјални натпревари, го надмина Јозеф Бичан,  статистиката на роналдо вели дека тој има 658 погодоци во клубовите за кои настапувал и 102 за репрезентацијата на Португалија.