Кристијано Роналдо деновиве е актуелен поради навнодната расправа со соиграчите во Јувентус и барањето да го промени клубот ова лето.

Покрај ова, Роналдо вчеравечер против Сасуоло уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите во Серија А, постигнувајќи го 100 гол во дресот на Јувентус во сите натпреварувања. Ова го направи и Дибала.

Роналдо се запиша во историјата на европскиот фудбал, како првиот играч кој постигнал по најмалку 100 гола во клубови во три различни европски земји од големата петорка.

Сите голови на Роналдо со Јувентус: