Португалецот Кристијано Роналдо денеска ги мина вообичаените лекарски прегледи и доби дозвола да им се приклучи на соиграчите во Јувентус кои веќе се подготвуваат за новата сезона.

Сова е ставен крај на сите шпекулации дека Роналдо ќе го менува клубот, а ова го потврдија и од Јувентус од каде посочија дека напаѓачот и во новата сезона ќе игра за „Старата Дама“.