Кристијано Роналдо на 1000. меч во професионалната кариера го постигна 21 гол сезонава во калчото и му помогна на својот Јувентус да дојде до нова победа овој пат против СПАЛ.

„Старата дама“ славеше со 1-2, а во финишот на првиот дел токму Роналдо го отвори резултатот по асистенцијата на Гвардадо.

Италјанскиот гигант преку одличен лоб удар на Ремзи дојде до удвојување на предноста, а Петања од пенал во 75.минута им даде надеж на домаќините, но на крајот не успеаа да дојдат до израмнување.

Јувентус веќе во вторник го очекува дуел во Лигата на шампиони против Лион во Франција.