Погодокот против Специја во натпреварот до 25 коло во италијанската Серија А, беше 20-ти лигашки за Кристијано Роналдо оваа сезона. Во својот лигашки натпревар број 600 во кариерата беше прецизен во 89-тата минута, поставувајќи ги конечните 3:0 за Јувентус.

Со тој погодок Роналдо ја продолжи серијата сезони во кои постигнува минимум 20 лигашки погодици, серија која започна во сезоната 2009-10, кога од Манчестер Јунајтед пристигна во Реал Мадрид. Со тоа се израмни со Лионел Меси, досега единствен фудбалер во топ пет лигите кој постигнал 20 или повеќе голови 12 сезони по ред.

Сепак, речиси сигурно Меси ќе го надмине својот рекорд и ќе постигне најмалку 20 лигашки голови 13-та сезона по ред. За Барселона во моментов има 19 погодоци, на 23 одиграни натпревари.