„Per Sempre Calcio“ од Италија, објави видео со кое тврди дека Кристијано Роналдо го транспортира својот возен парк од Торино, ова е најава дека го напушта Јувентус.

Ова е знак дека нема да има престој во Торино и кај Јувентус по завршувањето на сезоната, тврди „Per Sempre Calcio“, мајката на Роналдо го убедува да се врати во Португалија, а преместувањето на скапите возила е знак дека разделбата со „старата дама“ е неминовна.

„Per Sempre Calcio“ тврди дека Роналдо во 2018 година прво ги донел своите возила во Торино, сега ги сели од Италија, за нив ова е сериозен знак дека Португалецот заминува.