Екипата на Наполи го совлада Беневенто со 2-0, рутински а пред крајот на мечот остана без Кулибали кој доби црвен картон, Елиф Елмас во игра влезе во второто полувреме во 82 минута.

Наполи поведе со голот на Дрис Мертенс во 34. минута, минималната предност стоеше на семафорот се до 66 минута, Матео Политано погоди за конечни 2-0.

Елиф Елмас во игра влезе во 82 минута, епизодна улога во составот на Наполи за македонскиот репрезентативец.