Лацио запиша рутинска победа над последнопласираниот Кротоне во првиот натпревар попладнево од осмото коло во Серија А.

Најзаслужен за триумфот на „лацијалите“ беше Чиро Имобиле кој мечот го заврши со по еден гол и асистенција.

Имобиле го донесе Лацио во водство на средина од првиот дел, а во 58 минута му асистираше на Кореа за конечните 2-0.