Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Вест Хем со 2:1 (1:0) во 13.коло од Премиер лигата.

„Граѓаните“ забележаа рутинска победа на „Етихад“, навреме погодија преку Гундоган во 31. минута и Фернандињо во 80. минута, а  „чеканите“ успеаа само да го ублажат поразот со голот на Ланцини во продолжението од мечот.

Бранителот на титулата, така, стигна до 29. бод со што се израмни со лидерот Челзи, додека Вест Хем е четврти со шест помалку.