Фудбалската репрезентација на САД е победник на Голд Купот за 2021 година.
Американците го победија најголемиот ривал Мексико со 1:0 во финалето во Лас Вегас по продолжението.

Стрелец на единствениот гол беше Мајлс Робинсон во 117 -та минута.

Мечот помина во изедначена игра, од страна на двете репрезентации , по што се замина на продолженија. Кога сите мислеа дека победникот ќе биде решен по пеналите , во 117 минута Робинсон го постигна победничкиот погодок и, најави големо славје за САД.

Така американските фудбалери станаа шампиони на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) по седми пат во 11 -то финале.

Мексико има осум титули во тоа натпреварување, додека Канада триумфираше еднаш, во 2000 година.