Женската фудбалска репрезентација на САД, во полуфиналето ја победи Англија со 2-1  и обезбеди меч за златниот медал на Мундијалот кој се одржува во Франција.

Победата на САД и ја донесоа Прес  и Морган. За Англија погоди Вајт, сите три гола беа постигнати уште во првото полувреме. Херој кај Американките беше голманката Нејхер која одбрани пенал во 83 минута.

Противник на САД во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Холандија  и Шведска кој се игра вечерва.