Салцбург го победи Локомотив Москва со 3-1 на гости, со овоие три бода тимот од Австрија останува во игра за нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Австријците запишаа победа со головите на Бериша кој два пати погоди, еднаш во листата на стрелците се запиша Адејеми.

За тимот од Москва погоди Миранчук кој погоди за 2-1, но екипата од Москва немаше сили за пресврт. Со новите три бода Салцбург има вкупно четири, во пресрет на дуелот меѓу Атлетико и Баерн Минхен е на третото место со бод помалку од составот на Диего Симеоне, Германците се сигурни за нокаут фазата.