Жозе Мурињо повторно има причина за „дуел“ со дел од неговите фудбалери откако Тотенхем одигра 1:1 на гостувањето кај Барнли во 29 коло од Премиер лигата.

Барнли беше одличен во првото полувреме во кое Вуд реализраше во 13 минута за почетно водство и шок за тимот на Португалецот.

Тотенхем израмни со голот на Деле Али од пенал во 50 минута.

За фаворитот од Лондон ова е трет натпревар во низа во Премиер лигата во кој не оствари победа. Барнли пак успеа да ја продолжни серијата без пораз и ја задржи десетата позиција на табелата.