Парма совладана на „Енио Тардини“ од Сампдорија, гостите од Џенова постигнаа два гола во првите 45 минути и стигнаа до победа.

Јошида во 25 и Кеита во 34 минута постигнаа по еден гол за осма победа во Серија А. На гости Сампдорија има 4 победи, Парма останува само на една победа на домашен терен.