Трансфер промашувањето на Баерн Минхен кариерата ќе ја продолжи во Лил, пренесува РМС Спорт.

Францускиот прволигаш се согласил да му плати на клубот од Минхен 25 милиони за репрезентативецот на Португалија кој неодамна повтори дека сака да го промени клубот.

Ренато Санчес денеска пристинал во Лил и се очекува да ги помине лекарските прегледи по што ќе стави потпис на петгодишен договор.

Баерн го купи Санчес во 2016 од Бенфика за 35 милиони евра но плејмејкерот никога вистински не ги оправда вложените пари во него.