Македонскиот репрезентативец, Крсте Велковски кој е капитен на ФК Сараево, заедно со соиграчите вечерва ја прославија титулата во фудбалското првенство на БиХ.
Прославата започна пред стадионот „Кошево“ каде илјадници навивачи ги пречекаа нивните миленици.
Потоа прославата продолжи во стадионот, навивачите на трибини, играчите на терен… Многу пиротехника и навивачки песни, уживање за сите кои го сакаат овој клуб и овој спорт.
Сезоната во БиХ беше предвреме прекината поради Ковид-19, а Сараево како првопласиран ја доби титулата.
Comments are closed for this post.