Екипата на Лацио  ја победи Рома (3: 2) како домаќин во римското дерби, кое се одигра во 6. коло од Серија А.

Стрелци за Лацио беа Милинковиќ-Савиќ , Педро и Фелипе Андерсон , додека на другата страна погодија Ибанез и Вертут .

Педро стана само третиот фудбалер во историјата кој постигнал голови за Рома и Лацио во римските дерби.

Римското дерби ги исполни очекувањата, гледачите можеа да уживаат во борбата на теренот. Пет гола, многу шанси и искри го одбележаа натпреварот, а на крајот големото славје му припадна на Лацио.

Рома остана на четвртото место на табелата со 12 бода, додека Лацио скокна на шестото место, и има бод помалку од градскиот  ривал.