Шкендија е поразена во Скопје од Дуделанж со 2-1, пеколни четири минути на гостинскиот тим за пресврт и победа на арената „Тодор Проески“ .

Тетовчани поведоа со 1-0 со голот на Ибраими по седум минути игра од пенал. Ова најави лесна и убедлива победа на нашиот шампион.

Сепак, фуриозно второ полувреме на тимот од Луксембург, два гола во период од четири минути, подароци од голманот на Шкендија , Реџепи, најнапред во 64 минута Адел израмни на 1-1, само четири минути подоцна од пенал Даниел Синани погоди за 1-2.