ПСЖ синоќа на Паркот на принцовите со 2:0 победи против Монпеље, и на тој начин дојде до осмата победа во серија во Лига 1 во исто толку кола.

Со денови се пишува за проблемите во соблекувалната на ПСЖ. Марка пишува дека е формиран јужноамерикански клан кој работи на тоа да го избрка Џанлуиџи Донарума од клубот, иако тој само што пристигна од Милан.

Анхел Ди Марија, Лионел Меси, Леандро Паредес, Маркињос и Нејмар секогаш се заедно, а тие наводно за на голот го фаворизирале Костариканецот Кејлор Навас. Таа информација не потврдена, но не е ниту првата приказна за несогласувањата во ѕвездената соблекувална на ПСЖ, а се појави во јавноста по доаѓањето на Меси.

Дека не е послена покажа синоќешниот меч, кога зовреа страстите меѓу Килијан Мбапе и Нејмар. Камерата го фати Мбапе на клупата на ПСЖ како негодува зошто Нејмар не сака да му ја додаде топката кога се на теренот.

Медиумите во Франција објавија снимка каде се гледа како Мбапе по доаѓањето на клупата на својот соиграч Геје му говори како Нејмар не сака да му ја додаде топката. Исто така се наведува во текот на мечот имало неколку ситуации во кои се чинело дека Нејмар го игнорира својот соиграч.

Клубот засега нема никаков коментар за оваа снимка.