Избегната голема трагедија во Холандија, на мечот НЕЦ и Витесе се сруши дел од трибината на која се наоѓаа голем број навивачи.

На делот од трибината со гостински навивачи, можеше да се случи голема трагедија, се сруши дел од трибината кога фудбалерите и навивачите на клубот се радуваа и прославуваа.

Надлежните во Холандија најавија истрага, за среќа немаше сериозно повредени навивачи.