Наполи го доби контролниот меч со Олимпик Марсеј со 1:0 а нашиот репрезентативец, Елиф Елмас го одигра првото полувреме по кое Анчелоти го промени безмалку целиот почетен состав.

Единствениот гол на мечот го постигна Мертенс во 38 минута по брзата акција на Наполи која започна со долго додавање од Елмас.

Навивачите на Наполи на официјална Фејсбук страна на клубот беа задоволни од прикажаното од Елмас на денешниот натпревар во Франција.