Екипата на Селта освои важни бодови во трката за опстанок во Ла Лига откако ја совлада Севиља на домашен терен со 2:1 во натпревар од 23 коло.

Гостите поведоа преку Ен Несири во 23 минута и со предност заминаа на пауза. Во второто полувреме, Селта воспостави контрола над играта а тоа го круниса со два гола, Аслас израмни во 78 минута а Систо во 91 минута го реализираше пресвртот вреден три бода.

Со оваа победа Селта ја прекина низата без триумф и напредуваше на 17 место на табелата со два бода повеќе од Мајорка, Леганес и Еспањол додека Севиља остана на петото место со два бода повеќе од Реал Сосиедад и од Валенсија.