Ливерпул го претрпи вториот пораз на котролните натпревари откако загуби од Севиља со 2:1.

Нолито го отвори резултатот во 37 минута, на ова „црвените“ одговорија преку Орижи на две минути пред полувремето. Конечните 2:1 ги постави Позо во 90 минута.

Натпреварот го одбележи агресивниот пристап на избраниците на Лопетеги, црвен картон заработи Њанон по опасниот старт над Ларучи во 74 минута а играчот на Ливерпул беше изнесен на носилки.

Следен предизвик за Ливерпул е контролниот меч со Спортинг Лисабон закажан за 25 јули.