Севилја и Атлетико Мадрид ја пропуштија шансата да ја поминат Барселона на табелата во Ла лига откако одиграа 1:1 во натпревар од 12 коло.

Севилја поведе преку Васкез во 28 минута а гостите од Мадрид израмнија со голот на Мората во 60 минута.

Диего Коста пропушти можност од белата точка да му донесе пресврт на тимот на Симеоне.