Фудбалерите на Гетафе по поразот до Барселона во минатото коло во Ла Лига, повторно беа надиграни, овојпат на домашен терен од Севиља и со ова го загубија третото место на табелата.

Севиља славеше со 3:0, стрелци на головите беа Окампос (43 мин), Фернандо(67 мин) и Коунде (75 мин).

 

Ова за Севиља беше втора победа над Гетафе во оваа сезона откако на домашен терен славеше со 2.0 во октомври минатата година. Во следното коло Севиља ќе ја дочека Осасуна додека Гетафе ќе гостува кај Мајорка.