Севиља успеа да стигне до победа со минимални 1:0 против Валенсија, со што барем теоретски се уште останува во игра за титулата во Ла Лига.

Во меч кој мина само со еден гол, конечниот резултат го постави Јусеф Ел Несири со гол во 66-тата минута по асистенција на Фернандо.

Со оваа победа сега по 36 одиграни меча, Севиља е четврта со 74 бода, односно три помалку од лидерот Атлетико Мадрид, кој има 77 бода, но се уште го нема одиграно мечот од ова коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore