Фудбалерите на Севиља со голот на Ен Несири во 93 минута ја совладаа Осасуна со 3-2 во меч на кој гостите успеаа со фудбалер помалку да ја анулураат предност од два погодоци.

Тимот од Пламплона успеа со  головите на Аридане и Торес во второто полувреме да го израмни резултатот, откако во првиот дел Севиља со на Окампос и Ен Несири имаше одлична предност. Решавачкиот момент се случи во 93 минута, кога Ен Насри со својот втор гол и донесе три бода на својот тим.

По овој меч Севиља останува на 3.позиција со 46 поени, додека тимот од Памплона е на деветата позиција.