Фудбалерите на Баер Леверкузен водат по првото полуврема на гостувањето кај Глазгов Ренџерс во Шкотска во воведниот натпревар од осминафиналето во Европа Лигата на УЕФА.

Единствениот гол во првото полувреме беше дело на Каи Хавертс од пенал во 37 минута.

Во Германија, Шахтјор води кај Волфзбург со 1:0 со глот на Мораеш од 17 минута, гостинот имаше шанса и за 2:0 но Коваленко не реализираше пенал во 22 минута.

На третиот натпревар од терминот од 21:00 Вулверхемптон се мачи за постигне гол кај Олимпијакос, на пауза се замина со 0:0 а домаќинот игра со фудбалер помалку од 29 минута по исклучувањето на Семедо.